Јапонски кајакар му подметнал допинг на најголемиот ривал

japan-kajak

Еден од најдобрите јапонски кајакари, Јасухиро Сузуки заработи осумгодишна суспензија поради потегот кој го направил пред последното издание на националниот шампионат.

Сузуки признал дека го допингувал својот најголем ривал, Сеиџи Комацу, откако ставил недозволен стероид во неговиот пијалок, по што Комацу имал позитивен допинг тест. Комацу негирал дека користел допинг, а кајакарската федерација започнала истрага во која Сузуки признал дека го направил потегот со кој сакал да елиминира еден кајакар од борбата за настап на следните репрезентативни настапи.

Јапонците му доделија осумгодишна суспензија, а веројатно најголема казна за Сузуки е што иако еден од најдобрите кајакари во својата земја, нема да настапува Олимпијадата во Токио во 2020 година.

Facebook Коментари