Поврзете се со нас

Свет

Јапонија се повлекува од организација на Светското клупско првенство

Објавено

на

Јапонската фудбалска федерација ја информирала ФИФА дека нема да биде домаќин на Светското клупско првенство оваа година.

Комплицираните и строги протоколи поради ковид-19 пандемијата не овозможуваат организација на ова натпреварување, пред се поради можноста од зголемување на бројот на заразени и ограничување на присутната публика на трибините.

ФИФА во моментов размислува дали да ја префрли организацијата во друга земја, а во игра е и опцијата Светското клупско првенство да се одржи на почетокот на следната година.

Катар е еден од фаворитите да ја преземе организацијата бидејќи беше домаќин последните две години, но тоа би било опција ако ФИФА инсистира натпреварувањето да се одржи во декември.

Актуелниот европски првак Челси со нетрпение го очекува турнирот бидејќи досега го нема освоено овој трофеј.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни