Поврзете се со нас

Балкан

Јапонецот кој е десна рака на Пикси сподели уникатни моменти од соблекувалната: Најдобар филм што сум гледал (Видео)

Објавено

на

Фото: MN PRESS

Драган Стојковиќ го препороди репрезентативниот фудбал во Србија и успеа да ја одведе најсилната селекција на Светското првенство во Катар, откако својата харизма и лидерство од играчките денови, успеа да ја пренесе и кај „орлите“ кои сега го претставуваат националниот грб.

Србија на драматичен начин оствари голема победа среде Лисабон и ја шокираше фаворизираната Португалија во клучниот меч од мундо-квалификациите, па така Србите отидоа директно на Светското првенство, а Португалците своето место на главниот турнир ќе треба да го бркаат преку баражот.

Српската јавност изминативе неколку дена на големо зборува за успехот на легендарниот Пикси, но всушност голема заслуга има и неговиот прв помошник, Јапонецот Кацушито Киноши.

Популарниот Кино е долгогодишен пријател на Стојковиќ од времето во Нагоја, а како кондициски тренер очигледно е дека завршил извонредна работа во подготовката на фудбалерите кои непрекинато трчаа повеќе од 90 минути на „Луж“ стадионот.

Јапонецот сигурно ќе биде десна рака на Пикси и во Катар, но големиот успех го прослави и со уникатно видео од соблекувалната во Лисабон.

– Ова е најдобриот филм во мојот фудбалски живот. Скокавме и пеевме „Дајте ни го Бразил да си играме“, а потоа нашиот шеф не праша „Дали сме нормални?“. Секако, шефот знае дека ние навистина сакаме да играме со Бразил, имаме право на тоа и можеме да го направиме. Навистина сум среќен и почестен што сум дел од српски „орли“. Ви благодарам пријатели, се гледаме наскоро, – гласи објавата на Кино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни