Поврзете се со нас

Свет

Јапонците разочарани од Сигурдсон, потврдија дека ќе стане селектор на друга земја

Објавено

на

Фото: www.instagram.com/dagur.sigurdsson

Дагур Сигурдсон дефинитивно решил да ја напушти селекторската позиција во јапонската ракометна репрезентација и по се изгледа ќе ја преземе Хрватска.

Медиумите во оваа земја уште пред неколку дена објавија дека ракометниот сојуз преговара со исландскиот стручњак, но за официјализирање на договорот е потребно тој прво да ја раскине соработката со амбициозните Јапонци.

Од тамошната федерација денеска издадоа соопштение со кое ги потврдија намерите на Сигурдсон, кој со годишната плата од милион евра важеше за најплатен ракометен стручњак во светот.

– Покрај фактот што договорот на Дагур Сигурдсон истекува по крајот на Олимписките игри во Париз, тој на 3. февруари извести дека сака да замине и да преземе друга репрезентација уште пред Олимпијадата.

– Во моментов се разгледуваат опциите во договорот, а се бара и негов наследник на позицијата во јапонскиот национален тим, – стои во соопштението на Јапонската ракометна федерација.

Специјализираните ракометни медиуми тврдат дека покрај Хрватска, во битка за потписот на Сигурдсон е и Германија, репрезентација која ја одведе до европско злато пред неколку години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни