Јанис во несопирливо издание: Ги преслуша Ленард и Клиперси и постави специјален рекорд (Видео)

janis-kuca

НБА програмата беше навистина богата изминатава вечер, но сепак во прв план се најде разиграниот Јанис Адетокумбо кој инаку имаше нов влез во новата натпреварувачка сезона.

Грчкиот ѕвер ги надмина потешкотиите, па сега игра на неверојатно високо ниво на последните 10-тина меча, а воедно е и најзаслужен за тоа што Милвоки стигна до 14-та победа во низа во НБА лигата, серија со која го презема врвот на Истокот. Адетокумбо беше најефикасен во дерби пресметката меѓу Милвоки и Лос Анџелес Клиперс, водејќи ги „елените“ до убедлива победа од 119:91.

Јанис постигна 27 поени и 11 скокови за само 26 минути на паркетот и на најдобар можен начин си го честиташе 25-от роденден, бидејќи постави и специјален рекорд. Според НБА статистиката, ѕвездата на Милвоки е првиот играч во историјата кој постигнал најмалку 20 поени и имал најмалку 10 скокови на шест натпревари во иста сезона, а притоа на истите одиграл помалку од 30 минути.

НБА резултати:
Шарлот – Бруклин 104:111
Кливленд – Орландо 87:93
Детроит – Индијана 108:101
Бостон – Денвер 108:95
Чикаго – Голден стејт 98:100
Мајами – Вашингтон 112:103
Оклахома – Минесота 139:127
Милвоки – ЛА Клиперс 119:91
Сан Антонио – Сакраменто 105:104
Портланд – ЛА Лејкерс 113:136

Facebook Коментари