НБА
Јанис блескаше во новиот триумф на Милвоки, победничката серија ја продолжи и Бостон (Видео)

Денешната НБА програма понуди четири натпревари и посебно до израз дојдоа домашните екипи, бидејќи победи остварија сите тимови кои играа пред домашната публика.
Милвоки и Бостон продолжуваат со добрите изданија и славеа над Чикаго и Њујорк, но победи прокнижија и Сакраменто и Торонто во пресметките со Кливленд, односно Вашингтон.
Јанис Адетокумбо повторно дојде до израз и беше најдобар поединец на паркетот, бидејќи во победата на „елените“ запиша 35 поени и 11 скокови, дабл-дабл кој беше повеќе од доволен за сигурен триумф од 118:109.
Бостон благодарение на тимската игра стигна до третата победа во низа и вкупно осма од стартот на сезоната, а како по обичај, најдобар беше Тејтум кој постигна 35 поени, на кои придодаде и 6 скокови и 7 асистенции.
Победата на Сакраменто ја обезбедија Фокс и Мареј со 28 и 25 поени, додека Сиакам постигна дури 39 поени и беше најдобар поединец во победата на Торонто.
-
Италијапред 22 часа
Галјардини му се потсмеваше во лице на Рабио, доби одговор две минути подоцна (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Шпанијапред 11 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 12 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 19 часа
Лазаров: Самсоненко ми понуди поголема плата, но јас веќе ја избрав Барселона
-
Италијапред 9 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
НБАпред 22 часа
Нуркиќ го предизвика Јокиќ, но и му помогна на Денвер со потег во самиот финиш (Видео)
-
Светпред 23 часа
Ниска провокација: Стоперот на Ал Хилал го бараше невидливиот Роналдо во мрежата од голот! (Видео)