Јанг се отвори за нереалниот инцидент од 2014. година: Дури и сопругата и децата ми се смееја

esli-man

Ешли Јанг полека се претвора во вистинска играчка легенда на Манчестер Јунајтед со оглед на тоа што ја започна деветтата сезона како член на клубот од „Олд Трафорд“, а честа е уште поголема ако се знае дека тој е предодреден за капитенската лента.

Некогашниот крилен напаѓач кој со годините еволуираше во бек и оваа сезона често е дел од ротациите на менаџерот Оле Гунар Солскјер, а откако во тимот завладеа позитивна атмосфера по двете феноменални дерби победи против Тотенхем и Манчестер Сити, Јанг одлучи да се наврати на еден незаборавен момент од пред пет години.

На пресметката меѓу Јунајтед и Свонси, мистериозна бела течност заврши во устата на Јанг за време на натпреварот, а тогаш видеото експресно стана вирален хит бидејќи сите претпоставки водеа до тоа дека станува збор за измет од птица. Ешли долго беше мета на мемиња и се правеа секакви шеги на негова сметка, но сега тој тврди дека не станувало збор за измет од птица и дека најверојатно станува збор за оптичка илузија.

– Тоа не се случи, такво нешто немаше. Ова го кажав од дамна, дури дојдов и до точка да сакам да направм интервју за да ја објаснам ситуацијата, но не сакав дополнително да се оптоварувам со тоа. Видеото стана вирално, мислам дека и ден денеска знае да стане вирално. Дури и сопругатата и децата ми се смееја и ми велеа дека птица се олеснила во мојата уста, но вистината е дека тоа не се случи. Можеби станува збор за оптичка илузија, – вели Јанг во интервјуто за подкастот на Манчестер Јунајтед.

Facebook Коментари