Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Јанг: Разочарувачко реми, требаше да ги освоиме трите бода

Објавено

на

Италијанскиот прволигаш Интер и на втората средба во Лигата на шампионите не успеа да оствари победа, поточно вечерва ремизираше со Шахтјор Доњецк во Украина.

Калчолигашот имаше иницијатива, ја имаше топкатата во своите нозе, испрати повеќе удари од противникот, ама не успеа да го скриши отпорот и мораше да се задоволи со реми без голови.

-Не примивме гол, имавме одлична контрола на мечот и сме разочарани што не ги однесовме дома трите бода. Сега мораме да се фокусираме на следниот натпревар. Нашата група е тешка, се разбира, тоа е Лигата на шампионите. Треба да освоиме бодови на следните неколку натпревари и можеби денешниот резултат ќе се покаже позитивен, -истакна Ешли Јанг.

Пред Интер во ЛШ сега се две средби против шпанскиот првак Реал Мадрид.

-Ќе биде тешко како на секој натпревар. Ако играме како вечерва, да ги користиме сите можности, можеме да освоиме некои бодови, -порача Јанг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни