Поврзете се со нас

Англија

Јанг освојуваше трофеи со Јунајтед, но вечерва може да го доживее најубавиот момент во кариерата (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AVFCOfficial

Ешли Јанг е поранешен англиски репрезентативец, кој во моментов настапува за Евертон, а во минатото успеа да освои многу трофеи со Манчестер Јунајтед.

Искусниот фудбалер вечерва може да доживее и историски момент на дуелот од ФА купот меѓу премиерлигашот и Питерброу, во чии редови настапува неговиот син Тајлер.

– Ако се појави можност да бидеме заедно на теренот, тоа ќе биде врвен момент во мојата кариера.

– Се надевам дека тоа ќе се случи до крајот на мојата кариера и ако биде така, тогаш ќе биде момент за наежување за мене. Сигурен сум дека ќе биде важен момент и за Тајлер, – рекол Јанг.

Ветеранот веќе има 39 години, додека Тајлер на 18-годишна возраст се обидува да изгради кариера најмалку слична на таа на својот родител.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни