Јанг со кратка, но содржајна порака ја опиша својата незаборавна етапа во Јунајтед (Фото)

jang-1

Интер оваа вечер и официјално го потврди ангажманот на искусниот Ешли Јанг, досегашниот капитен на Манчестер Јунајтед кој одлучи да стави крај на својата убава и незаборавна етапа на „Олд Трафорд“.

Искусниот фудбалер кој во Јунајтед научи да игра на повеќе позиции стави потпис на шестмесечен договор со италијанскиот калчолигаш, со тоа што истиот може да биде продолжен на дополнителна година по крајот на актуелната сезона. Интер соопшти дека Јанг ќе го носи дресот со број 15, а во меѓувреме, 34-годишниот Ешли ги искористи социјалните мрежи за да се збогува од сите сакани луѓе во Манчестер.

– До Манчестер Јунајтед: Ми овозможи да играм со легенди, да освојувам трофеи, да работам со најдоброиот меанаџер во историјата и да бидам твој капитен. Ти благодарам што ми дозволи да бидам дел од твојата историја во изминативе осум и пол години, – гласи кратката, но содржајна порака на Јанг.

Facebook Коментари