Јаневски: Победивме, но има простор за напредок

Chede-Janevski-Pobeda

Екипата на Вардар денеска со 3-1 славеше над Силекс во првенствениот натпревар кој беше генералка пред настапот во Лига Европа, односно средбата со Зенит во Скопје.

„Црвено-црните“ водеа со 3-0, потоа кратовчани намалија, а и имаат можност преку пенал да дојдат до 3-2, меѓутоа Гачевски го одбрани ударот до 11 метри.

Тренерот, Чедомир Јаневски е задоволен од победата, но верува оти има простор за напредок во играта.

– Сакам да им честитам на фудбалерите за победата против тим кој што имаше одличен старт на сезоната. Денеска имавме ротиран тим кој што играше заедно само на тој натпревар со Локомотива, и тоа треба да се земе во предвид. Знам дека и покрај победата, има простор за напредок. После 3:0, наместо да продолжиме со нашата „пас“ игра, имавме неколку, така да кажам, тешки додавања и непотребни удари кон протвничкиот гол. Се разбира и резултатот го наложува тоа, но ќе работиме да ги отстраниме тие грешки, и затоа реков дека има простор за напредок. Не верувам дека играчите мислеа повеќе на Зенит, туку беа фокусирани само на овој натпревар. Сега ни следува тежок период. Затоа ние со стручниот штаб ќе работиме и ќе ротираме за да на некој начин ги распоредиме силите на играчите затоа што играме на три фронта, и плус секој месец даваме и многу репрезентативци. До сега мислевме на овој натпревар, го решивме во своја корист, а за настапите во Европа ќе се подготвуваме веќе од утре, -рече Јаневски.

Facebook Коментари