Јаневски: Имавме желба, но правевме недозволиви грешки

Janevski-Fener

Вардар и во четвртиот меч во групата фаза во Лига Европа претрпе пораз и тоа на гостувањето кај Реал Сосиедад со 3-0.

„Црвено-црните“ го поправија резултатскиот впечаток од средбата во Скопје (6-0), па тренерот Чедомир Јаневски е задоволен од некој сегменти иако потенцира оти неговите избраниците направиле некој недозволиви грешки.

-Честитки до Реал Сосиедад и колегата. Ние одигравме подобро од Скопје, имавме добра организација особено до голот. Знаевме оти ќе имаат контрола, ќе ја форсираат таа игра со многу додавања, ама не беа така опасни како во првиот меч. Првиот гол го примивме недозволиво, најмалиот играч на теренот ни даде гол со глава. Имавме играч до него кој што не изреагира како треба, такви грешки во Европа скапо се плаќаат. Потоа продолживме да играме, очекувавме дека ние еднаш ќе создадеме и ќе ги загрозиме. Потоа дојде вториот погодок при кој повторно задоцнивме, топката патуваше долго, и како во Скопје гол ни даде бек. Да не зборувам за третиот погодок, каде што имаме прво наивен прекршок, иако топката не е во мирување. Како и да е имавме желба, напредок во играта, меѓутоа тие ситници го решија овој натпревар“, изјави Јаневски.

Facebook Коментари