Поврзете се со нас

Балкан

Јаневски го водеше Олимпијакос до победа против Тричковски и Спировски

Објавено

на

blank

Македонскиот стручњак Чеде Јаневски денеска го предводеше Олимпијакос Никозија до важна победа над АЕК Ларнака (1:0) во рамките на кипарското првенство.

Олимпијакос го реши победникот со гол во 17. минута, а гостите од Ларнака до крајот не успеаја ниту да израмнат преку нападот предводен од Иван Тричковски.

Нашиот репрезентативец одигра цел натпревар за АЕК, додека Стефан Спировски влезе на почетокот на второто полувреме и играше до крајот на средбата.

Олимпијакос со овој триумф има 34 бодови и по ова коло сигурно ќе остане на шестото место, кое води во плејоф фазата каде ќе се одлучуваат и учесниците во европските купови. Откако Јаневски ја презема екипата, таа стигна до три победи, едно реми и еден пораз.

АЕК Ларнака и покрај денешниот пораз, останува на петтото место со седум бодови повеќе од денешниот ривал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни