Јаневски: Ги заслуживме трите бода…

janevski

Актуелниот македонски шампион Вардар со реми против Розенборг го заврши своето прво учество во групната фаза на европските купови, поточно во Лига Европа.

Вардарци доминираа и можат да жалат што не го совладаа норвешниот претставник во Скопје. Тоа го потенцираше и стратегот Чедомир Јаневски кој воедно им честиташе на „црвено-црните“, на оваа генерација која испиша нова странца во клупската и македонската историја.

– Честитки до моите фудбалери за одлично прво полувреме во кое доминираа, создадовме шанси и бевме надмоќни. Меѓутоа за жал таа надмоќ и тие шанси по 90 минути не донесоа три бода. Морам да признаам во вториот дел паднавме малку, но тоа е нормално зошто не може да се одигра во исто темпо цел натпревар, иако и во тој период имавме шанси. Ги заслуживме трите бода, ама фудбалот е таков. Честитки до оваа генерација на Вардар која направи историја со пласманот во ЛЕ. Очекувавме повеќе, желбата беше да освоиме повеќе бодови. Со еден бод не можеме да бидеме задоволни, -истакна Јаневски.

Facebook Коментари