Поврзете се со нас

Европски првенства

Јанеска: Имавме лош ден, ќе собереме сили за Романија

Објавено

на

Македонија не успеа да направи чудо и загуби од Холандија со 30-15 во вториот натпревар на Европското првенство.

Противникот покажа повеќе на средбата во Скопје и дојде до вториот триумф на шампионатот. Сега пред девојките е ден одмор, па клучниот меч со Романија на која желбата е да се прикажеме во најдобро светло.

-Имавме лош ден, иако прекрасна публика која не ја искористивме, фала ви Македонијо. Се надевам дека ќе собереме сили за следниот предизвик, среќата ќе биде на наша страна и ќе ги израдуваме навивачите.

-Холанѓанките се искусни, играат заедно долго време, имаат играчи во ЛШ. Мислам дека на овој шампионат ќе се борат за медал. Има грч кај нас, резултатот е извор на се. Ние веруваме во чудо, по десет години играме ЕП, се бодриме меѓу себе, имаме голема поддршка од претседателот. Ова е настан кој може да донесе поттик кај помладите, ова е само почеток. Се надевам ќе добиеме нова генерација, -порача Моника Јанеска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни