Поврзете се со нас

Македонија

Јане Цветковски повторно ќе брани во Македонија!

Објавено

на

blank

Македонскиот ракометен интернационалец, голманот Јане Цветковски, наскоро ќе го засили скопскиот клуб Тинекс Пролет.

Ова ќе биде негово прво враќање во нашата земја по градењето на кариерата низ Унгарија, Шведска, Босна и Херцеговина, а врвот го достигна кога потпиша за бундеслигашот Вецлар.

Светската пандемија од Ковид-19 минатата година го принуди Цветковски да ја напушти Унгарија по прекинот на првенството, иако имаше можност да остане во Егер.

„Дерби“ дознава дека Цветковски за време на паузата и престојот во Македонија се одлучил и да оформи свое семејство во татковината, поради што прифатил да разговара со македонските клубови за евентуален ангажман. Од почетокот на сезоната тој е во тренажен процес со Тинекс Пролет, но се чекал сертификатот од унгарскиот ракометен сојуз.

Би требало клубот во текот на оваа седмица да го потврди ангажманот на Цветковски, кој ќе биде огромно засилување за тимот во втората фаза од државното првенство. Во моментов, избраниците на Никола Матлиески се на второто место на табелата, зад Охрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни