Јане Цветковски ќе дебитира за Вецлар во Бундеслигата

jane cvetkovski givemefive

Македонскиот ракометен голман Јане Цветковски ќе дебитира во дресот на Вецлар во германската Бундеслига, откако неговиот колега Тибор Иванишевиќ заработил посериозна повреда на последниот меч на својата екипа.

Деталните прегледи покажале дека Иванишевиќ ги повредил лигаментите на коленото и го очекува пауза од најмалку три месеци, па Вецлар денеска потврди дека во составот влетува Цветковски кој летово пристигна во составот, чиј капитен е нашиот втор интернационалец, Филип Миркуловски.

Цветковски ќе дебитира пред своите навивачи во четврток од 19 часот, кога Вецлар во рамките на домашното првенство го пречекува Мелсунген. Ова ќе биде важен натпревар за него, но и за целиот тим кој има серија од три порази по ред и остана на една победа забележана уште во првото коло.

Facebook Коментари