Јанц: Сè уште сме подобра репрезентација од Македонија

Фото: Филип Вирановски / РФМФото: Филип Вирановски / РФМ

Словенија самоуверено влезе во дуелот со Македонија, но и покрај грубата игра во сите Сешеесет минути, не успеа да ја оствари посакуваната цел и ќе мора да почека за прв триумф на ЕП во Хрватска.

Иако дел од ракометарите на Веселин Вујовиќ повеќе зборуваа за сопствените грешки по натпреварот во Загреб, крилото Блаж Јанц беше на иста фреквенција со својот селектор, па не заборави да се пожали и од судиите.

– На крајот немавме среќа, се уште мислам дека сме подобра репрезентација од Македонија. Мораше да ги искористиме подобро одбраните кои ги имаше Скок во првото полувреме, а на крајот испуштивме можност да израмниме. Ова е големо разочарување.

– Не сакам да зборувам за судиите, но на оние што следат ракомет се им е јасно без да се објаснува, – индиректно се пожали Јанц.

Facebook Коментари