Поврзете се со нас

Македонија

Јанакиевски и Бошковски нови членови на Работнички, Зука ќе го носи дресот на „лавовите“

Објавено

на

Македонските прволигаши Работнички и Македонија Ѓорче Петров ги претставија најновите засилувања за натпреварувачката 2022/2023.

Клубот од Дебар Маало потпиша договори со Филип Бошковски и Иво Јанакиевски. Првиот треба да ја засили дефанзивната линија, додека вториот офанзивниот дел од составот кој како што е познато ќе биде предводен од поранешниот македонски репрезентативец Љупчо Марковски-Калц.

Само за потсетување претходно „романтичар“ стана и голманот Игор Алексовски.

Кога е во прашање Македонија Ѓорче Петров новитет е ангажманот на Фисник Зука кој доаѓа од редовите на Ренова. Зука ќе биде замена за Давид Атанаскоски кој направи трансфер во Албанија во редовите на Партизани Тирана.

Левиот бек е четврто ново име во актелниот освојувач на Купот на Македонија, претходно договори потпишаа Христијан Пецов, Бојан Илиевски и Александар Ѓорѓиески.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни