Поврзете се со нас

Шпанија

Јамал: Знаеме што треба да направиме за да ја освоиме титулата во Ла Лига

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

ЛАмин Јамал прави голема разлика за Барселона предводена од Ханси Флик и германскиот стручњак брзо се заљуби во 17-годишниот тинејџер, за кого одново не штедеше комплименти по големата победа над Џирона.

Каталонскиот гигант се одмазди за двата порази од минатата сезона и денеска уверливо славеше со 1:4, триумф во кој два гола запиша токму Јамал.

Иако обично е задолжен за асистенции, Ламин денеска се покажа и во улога на голгетер, а по победата не криеше каква цел имаат тој и неговите соиграчи до крајот на сезоната.

– Добро се подготвуваме за секој меч и со јасни мисли влегуваме на теренот. Ние се претворивме во тим кој сака да победи на секој натпревар.

– Ако сакате да ја освоиме титулата во Ла Лига, мора да победите на секој натпревар. Знаеме дека треба да го правиме тоа и многу сум задоволен за новата победа, – изјави Ламин.

Барселона отвори со „пет од пет“ на стартот на сезоната во Ла Лига, па како единствениот тим со перфектен учинок во шпанската елита има четири бода повеќе од шампионот Реал Мадрид.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни