Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Јамал за новата магија која за жал заврши без гол во Дортмунд: Ова не го тренирам….. (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Ламин Јамал од натпревар во натпревар е се поважен за играта на Барселона, а тоа најмногу се почувстува во периодот кога крилниот фудбалер не беше достапен на Ханси Флик поради повреда.

Барселона не оствари ниту една победа во Ла Лига без својот извонреден тинејџер, кој покрај тоа што „докторираше“ во домашното првенство, веќе е докажан и на највисока европска сцена.

Јамал со голема мотивација игра во Лигата на шампиони и вчера беше избран за МВП на натпреварот меѓу Борусија и Барселона, и тоа во ситуација кога не постигна гол.

Ламин беше асистент на голот кој го постигна Феран за победа од 2:3, но претходно во првото полувреме, уште еднаш режираше фудбалска магија за која стана вистински маестро.

Јамал веќе подели три тривела асистенции во Примера, а вчера требаше да ја има и првата во Лигата на шампиони, која за жал во гол не ја искористи Рафиња.

Младиот Шпанец режираше нова додавање како на видео игра, па откако го доби МВП признанието, откри дека станува збор за техника која му доаѓа природно и која не ја вежба со часови на тренинзите.

– Тој пас ми доаѓа природно, нема ништо повеќе од тоа. Тоа е мој ресурс кој е навистина добар. Во последно време често ми доаѓа да додавам со надворешниот дел од стапалото. Не го тренирам тоа на тренинзите, ми доаѓа само од себе. И денеска требаше да постигнеме гол, му реков на Рафиња дека пропушти голема шанса, – откри Јамал.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни