Шпанија
Јамал со генијален одговор за своето трик-додавање: На ФИФА се прави со „Л2“ (Видео)
Ламин Јамал ја воодушеви цела Шпанија со новата тривела бравура која ја режираше на Балеарските Острови, а ова додавање полека прераснува во вистински специјалитет кога е во прашање вонсерискиот талент на Барселона.
Претходно, Јамал со тривела асистенција му намести гол на Олмо против Еспањол, но имаше специјална конекција со Рафиња и на дербито против Вилјареал пред неколку месеци.
Ламин повтори иста ситуација со Рафиња на вчерашниот натпревар со Мајорка кој Барса го доби со 1:5, а во разговорот за еден каталонски медиум, Јамал дал и генијален одговор за своето трик-додавање.
– На ФИФА може да го направите тоа со притискање на „Л2“, – со голема насмевка на лицето одговори Јамал, откако новинарот му порача дека неговите додавање изгледаат лесно како тоа да го прави на видео игра.
Барселона не забележа ниту една победа на претходните три натпревари на кои Јамал не беше стартер во Ла Лига, па во овој момент изгледа дека тинејџерот е убедливо најклучен играч во системот на Ханси Флик.
Lamine Yamal giving tips on how to do his trivela pass in FIFA 😂🎮 pic.twitter.com/XzKb83fg0V
— ESPN FC (@ESPNFC) December 3, 2024
Lamine Yamal ensina como fazer a trivela: L2 🎮😂pic.twitter.com/LG6qA3TrC3
— B24 (@B24PT) December 3, 2024
El gol de Raphinha 🥵 y la asistencia de Lamine. 🤩 pic.twitter.com/1uSB5Pg8r9
— ESPN Deportes (@ESPNDeportes) December 3, 2024
-
Англија16 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија18 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација12 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија9 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија24 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Шпанија22 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Германија13 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Шпанија9 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)