Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Јамал: Само еден клуб е поголем фаворит од Барселона во ЛШ

Објавено

на

foto:x.com/FCBarcelona_cat

Талентираниот Ламин Јамал неодамна го одигра својот 100. сениорски натпревар во својата кариера, 100 натпревар носејќи го дресот на Барселона и на шпанската репрезентација.

Пред него е светла иднина и тоа е повеќе од јасно со тоа што останува да се види до кои височини може да стигне. Тој со Шпанија веќе дојде до голем трофеј на Европското првенство, па сега цели и има амбција со неговата Барселона да освои значаен пехар во оваа натпреварувачка 2024/2025.

-Мислам дека Ливерпул е единствениот поголем фаворит од нас во Лигата на шампионите. Едноставно затоа што тој беше прв што обезбеди пласман во наредната фаза. Мислам дека можеме да се натпреваруваме за трофејот, дека можеме да одиме до крај. Мора да мислиме дека ние сме тимот кој игра најдобар фудбал во Шпанија и во Европа. Не сакам да бирам помеѓу Ла Лига и Лигата на шампионите, одиме по двата трофеи, -вели тинејџерот кој уште долго време се гледа на „Камп Ноу“.

-Мислам дека никој не се сомнева колку сум голем навивач на Барселона, колку сакам да бидам во овој клуб. Што и да посакаат двете страни ќе се случи. Сè и должам на Барселона, -порача Јамал за „Мундо Депортиво“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни