Шпанија
Јамал режираше фудбалски деликатес во стилот на Зидан, па доби стоечки овации од „Месталја“ (Видео)
Барселона со победа ја отвори новата сезона и новата ера со тренерот Ханси Флик, откако изминатава вечер мораше да прави преврт за да слави над Валенсија со 1:2.
Погодокот на Уго Дуро и наметнатниот интензитет од „лилјаците“ беше сериозен тест за комбинираниот тим на Ханси Флик, но како пресуден се покажа најискусниот играч во гостинскиот тим, полскиот напаѓач Роберт Левандовски.
Леви со два гола го сврте мечот и потоа Барса рутински ја одбрани предноста на „Месталја“, стадион кој синоќа покажа класа и со стоечките овации за Ламин Јамал.
Иако играч на мечот беше Левандовски, Јамал беше тој кој му додаде на Полјакот при голот за 1:1, а во вториот дел изведе и еден фудбалски деликатес, поради кој подоцна доби стоечки овации од „Месталја“.
Јамал режираше фудбалски „рулет“ во стилот на Зинедин Зидан, при што испорача и извонредна асистенција до Феран Торес кој не успеа да го совлада Мамардашвили.
Овој потег предизвика воздишки на трибините, а навивачите на Валенсија во продолжение покажаа доблест и го поздравија Ламин кога овој беше заменет од Ханси Флик.
JO𝐘𝐀𝐌𝐀𝐋. 💎#LALIGAHighlights | #LALIGAEASPORTS pic.twitter.com/PJFFFueLgg
— LALIGA (@LaLiga) August 17, 2024
-
Италијапред 22 часа
Сари за клубот што сака да го води: Имам луд сон…
-
Светпред 24 часа
Симиќ меѓу најефикасните за Прат во Купот на Шпанија
-
Лига на шампионипред 22 часа
Ангеловски: Покажавме карактер и квалитет, горд сум на мојата екипа!
-
Балканпред 21 час
Мурињо за бомбастичното засилување на Галатасарај: Имам само еден проблем со него
-
Светпред 17 часа
Србите го бараат наследникот на Пешиќ, две имиња се во игра
-
АТПпред 21 час
Надал за Синер: Чистата совест му помогна да победи во Њујорк
-
Лига на шампионипред 20 часа
„Проектил“ кој не се брани: Кузмановски ја „скина“ мрежата од голот на Паличка (ВИДЕО)
-
АТПпред 12 часа
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)