Поврзете се со нас

Шпанија

Јамал проговори за својата транформација и откри колку килограми качил во последната година

Објавено

на

foto:x.com/FCBarcelona_cat

Ламин Јамал се истакна како голем талент на 16-годишна возраст како голобрадо момче, а бидејќи повеќе од една година е дел од фудбалската елита, во ексклузивното интервју за „Марка“ проговори и за трансформацијата која ја доживеал на физички план.

Јамал сигурно нема да ја заборави успешната 2024-та година во која стана европски шампион со Шпанија, но и поради фактот што беше избран за „Златно момче“, односно најдобар млад играч во Европа.

Ламин на најдбоар можен начин ја искористи првата шанса од Чави Ернандес и се етаблираше во најголем фудбалски талент во светот, но еден од првите совети кои ги доби во професионалниот фудбал беше поврзан со неговата конституција.

Јамал беше голобрадо слабо момче кое се појави на фудбалската сцена како првотимец на Барселона, но сега изгледа далеку поснажно и посилно, а причина за тоа е мускулната маса која ја стекнал во изминативе 12 месеци.

– Качив повеќе килограми и тоа го правевме со намера. Мислам дека качив 10 килограми во мускулна маса, но најважно од се е тоа што и натаму се чувствувам добро и силно на теренот, – потенцира Јамал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни