Шпанија
Јамал правеше чуда, но Барселона остана без победа во 94. минута (Видео)

Фановите на Барселона на најдобар можен начин го дочекаа поразот на Реал Мадрид на гостувањето на „Сан Мамес“, но иако денеска се чинеше дека ќе имаат нов добар повод за славје, на крајот не дојде до посакуваното сценарио.
Барса на двапати водеше на жешкото гостување на „Бенито Виламарин“ и изгледаше дека ќе освои големи три бода против Бетис, меѓутоа така не мислеа и Руибал и Диао кој креираа акција за реми во 94-та минута.
Каталонскиот гигант поведе со голот на Роберт Левандовски во првиот дел и на полувреме се замина со резултат 0:1, но Бетис заслужено стигна до израмнување во вториот дел и тоа се случи со удар од белата точка.
Ло Селзо беше прецизен реализатор и донесе френетични завршни 30 минути, во кои Барселона повторно дојде до предност благодарение на генијалниот Јамал, но сепак не успеа целосно да профитира од магијата на тинејџерот.
Ламин правеше чуда и со низа слаломи воодушеви на теренот, а воедно и мајсторски асистираше до Феран Торес за предност од 1:2 во 82-та минута.
Овој резултат беше активен и во судиското продолжение, но во 94-та минута пристигна голот на Диао по асистенција на Руибал и така пропадна во вода уште една планирана победа на каталонците.
Слаломот на Јамал погледнете го ТУКА
Асистенцијата на Јамал погледнете ја ТУКА
Голот на Диао погледнете го ТУКА
-
Англија24 часа
Вистинска „чистка“ на „Олд Трафорд“: Десет играчи ќе го напуштат Јунајтед на лето
-
Репрезентација15 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Свет14 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија15 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Формула 113 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Свет15 часа
Ендрик се отвори: Тешко ми е да зборувам, се плашам…
-
Шпанија14 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)
-
Шпанија13 часа
Арда има цврст став за својата иднина: Дојдов во Реал поради две причини