Поврзете се со нас

Шпанија

Јамал: После тренинзите, имам студии во „Ла Масија“

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Ламине Јамал е младо момче кое има асмо 16 години, но поради својот квалитет ги прескокна сите младински категории во Шпанија и веднаш го облече дресот на најсилната репрезентација.

Чудото од дете на Барселона сериозно напредуваше под водство на Чави Ернандес и веќе е составен дел од секој собир на „црвената фурија“, па тоа го искористи „Марка“ за да направи интересно и необично интервју со голобрадиот тинејџер.

Јамал вели дека се обидува да остане истото она момче кое е познато по фудбалот во своето маало, па открива дека и ден денеска се уште игра партии мал фудбал со своите пријатели.

– Се уште имам нормален живот во моето маало. Сите ме познаваат и навикнати се да ме гледаат. Всушност, се уште играм партии фудбал со моите најблиски пријатели, – открива Ламин, кој во оваа фаза од кариерата, мора да ги заврши и своите студии и да се избори за диплома.

– Добар сум и со школувањето. Имам студии во Ла Масија после тренинзите. Често после тренинзите имам студии и морам да учам. Не носам книги кога играм за Шпанија, но знам да понесам Ајпад и да ги пролистам електронските книги. Се обидувам да бидам дисциплиниран, но смематам дека сум подобар играч отколку студент, – признава Ламин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни