Поврзете се со нас

Шпанија

Јамал не може да мисли само на фудбал на ЕП: Се надевам дека нема да бидам испрашан од професорката

Објавено

на

Foto:twitter.com/SEFutbol

Ламин Јамал фудбалски експлодираше на само 15 години, а сега на 16 ќе биде дел од еден голем фудбалски настан како што е Европско првенство.

Суперталентот на Барселона се очекува да има важна улога во тимот на Луис де ла Фуенте на натпреварувањето во Германија, но покрај стандардните обврски кои ќе ги има со тренинзи и натпревари, младиот тинејџер ќе мора и да ја заврши училишната година.

Поради тоа што не е во можност редовно да оди на училиште, Ламин со онлајн настави и испити ја завршува годината во текот на летниот период, но овој јуни не може да размислува само на учењето.

Јамал открива дека со себе во Германија ги понел и книгите и домашните задачи, но искрено се надева дека нема да биде премногу испрашуван од неговата професорка.

– Обично го гледав Европското првенство лежејќи на мојот тросед со мајка ми. Сега ќе бидам дел од овој турнир и целта ми е да испишеме историја. Се надевам дека ќе одиме до завршната фаза на турнирот и дека ќе се задржиме што подолго.

– Се подготвив добро за престојот во Германија, си ја донесов и домашната задача за училиште. Се уште имам онлајн часови и ми оди добро. Сепак, се надевам дека нема да бидам многу испрашуван од мојата професорка, – вели Јамал во интервјуто за „АС“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни