Поврзете се со нас

Европски првенства

Јамал му одговори на Леман: Ќе видиме на терен дали е во право

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Најавата за четвртфиналното дерби меѓу Германија и Шпанија донесе и низа провокативни изјави, не само од актерите кои ќе бидат важни на натпреварот, туку и од легенди кои во минатото беа важен дел од репрезентациите.

Висенте Дел Боске е уверен дека Шпанија е недопирлива и дека ќе оствари победа над домаќиното на турнирот, додека од друга страна пак, Јенс Леман излезе со една малку потеценувачка изјава за „фуријата“.

Иако Шпанија го игра најатрактивниот фудбал на Европското првенство, Леман смета дека неискуството прави на моменти да изгледаат како младинска селекција, што според него ќе биде голема предност за тимот на Нагелсман.

Оваа изјава на Леман не ја одобрија ниту од таборот на германскиот тим, а Ламин Јамал ја доби честа да ја искоментира како најмлад играч од двата тима.

– Што може друго да каже? Тој е Германец и се обидува да направи притисок, се обидува да му помогне на својот тим. Вакви работи не прават само уште помотивирани. Ќе видиме на теренот дали е во право, ќе видиме дали сме млади и неискусни, – вели Јамал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни