Поврзете се со нас

Европски првенства

Јамал ја „поздрави“ француската ѕвезда која го прозва пред полуфиналето во Минхен (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Шпанија ја совлада Франција со 2-1 и со тоа дојде до првиот билет за финалето на 17. Европско првенство.

Средбата во Минхен дефинитивно ја одбележа талентираниот Ламин Јамал кој во првиот дел постигна атрактивен гол од далечина, погодок со кој беше најавен комплетниот пресврт на „црвената фурија“ која потоа стрелаше и преку Дани Олмо што на крајот се покажа како пресудно.

Членот на Барселона беше прогласен за играч на натпреварот, а по последниот судиски свиреж имаше една реакција, потег со кој јасно го поздрави Адриен Рабио кој пред полуфиналето имаше провокативна, дрска, потценувачка изјава за тинејџерот и му порача дека ќе мора да покаже многу повеќе ако сака да игра во финалето.

Ламин ги дочека своите минути, па по мечот во Минхен порача:

-Зборувај сега, зборувај сега“, викаше Јамал во камерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни