Поврзете се со нас

Шпанија

Јамал ја надмина пазарната вредност на Мбапе и заостанува зад само еден играч на Реал Мадрид

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Крајот на календарската година донесе и освежување на пазарната вредност на фудбалерите на популарниот портал „Трансфермаркт“, а поместувањата го одведоа Ламин Јамал на веројатно заслужена позиција.

Новата голема ѕвезда на Барселона блескаше и сезонава и покрај проблемите со повреди, а тоа му овозможи да ја зголеми својата пазарна вредност во анализата на трансфер експертите на „Трансфермаркт“.

Јамал ја надминал вредноста на Килијан Мбапе (166,4 милиони долари) и сега е проценет на 187,2 милиони долари, со што ја дели втората позиција во Ла Лига со Џуд Белингам.

Единствено, Винисиус Жуниор има поголема потенцијална вредност и е на првото место со сума од 208 милиони долари.

Голем напредок во однос на потенцијалната трансфер вредност во редовите на Барселона забележиле и Рафиња, Педри, Касадо и Кубарси, додека најголеми „губитници“ годинава се Де Јонг, Араухо и Гави.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни