Поврзете се со нас

Свет

Јамал ја доби наградата „Златно момче“ со историски бројки: Не застануваме тука

Објавено

на

foto:x.com/FCBarcelona_es

Ламин Јамал стана европски шампион на 17-годишна возраст, ја добри наградата „Копа“ за најдобар светски фудбалер до 21 година од „Франс Фудбал“, а денеска го доби и најпрестижното индивидиуално признание кое им се доделува на играчите на оваа возраст.

„Тутоспорт“ објави дека Ламин Јамал е победник на најновото издание на наградата „Златно момче“, односно е избран за најдобар млад фудбалер на стариот континент.

Жирито составено од 50 елитни новинари му доделило 488 поени на Јамал од вкупно 500 за сите останати кандидати, што историски гледано е најголема доминација во едно гласање за „Златно момче“.

„Тутоспорт“ ја доделува оваа награда од 2003-та година и е надалеку призната и ценета во Европа, па затоа Јамал не го криеше воодушевувањето преку видео обраќањето кое го имаше за време на церемонијата во Торино.

– Вистинска гордост е да се добие оваа награда. Ова е остварување на сонот и навистина многу сум среќен. Благодарност до „Тутоспорт“ и до жирито. Не сакам да ги заборавам и моите соиграчи и стручниот штаб во Барселона и шпанската репрезентација. Многу сум задоволен поради оваа награда, но не застануваме тука. Одиме по уште многу трофеи, – порача Јамал.

Ламин на овој начин стана третиот играч на Барселона кој ја добива оваа награда во последните четири години (Педри и Гави), а воедно го наследува Џуд Белингам кој лани беше избран за најдобар млад играч од „Тутоспорт“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни