Поврзете се со нас

Свет

Јамал ги „измести“ голманот и дефанзивецот, па мирно ја најави победата на Шпанија (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SEFutbol

Шпанија рутински ја одработи својата задача на Кипар и успеа да слави со резултат 1:3, и тоа во натпревар на кој доста шанса добија млади фудбалери.

Во стартната постава на Луис де ла Фуенте се најде и голобрадиот Ламине Јамал, суперталентот на Барселона кои добрите партии од клупски план полека ги префрла и во репрезентацијата.

Откако постигна историски гол и стана најмлад стрелец во историјата на Шпанија, Ламине денеска го постигна и вториот во кратката репрезентативна кариера, откако го отвори резултатот на мечот со Кипар.

16-годишниот фудбалер го „измести“ голманот на Кипар и потоа го легна на земја и дефанзивецот на домашниот тим, пред да ја смести топката во мрежата како вистински ветеран.

Мирната реализација на Ламине го најави потопот на домашните фудбалери во првите 30 минути, период во кој примија уште два гола од Ојарзабал и Хоселу.

Во вториот дел, Кипар се погрижи за почесен гол и го ублажи поразот на 1:3, а стрелец на погодокот беше Пилеас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни