Поврзете се со нас

Олимписки игри

Јакшиќ со супер гол ја однесе Србија во полуфинале, Ранѓеловиќ порача: Се надевам сите паднаа во обложувалница (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/waterpoloserbia

Србија не блеска на олимпискиот турнир во ватерполо, но без разлика на тоа нашиот северен сосед веќе е во полуфиналето до кое денеска стигна со голема победа над Грција, селекција која добар дел од јавноста ја виде и како фаворит за златото на овој турнир.

Меѓутоа Грците си одат дома и тоа откако попладнево драматично беа поразени од Србите со 12:11 со страшен гол од голема далечина на Никола Јакшиќ. Времето истекуваше, капитенот одлучи да шутира и успеа да погоди за голема радост и место во наредната фаза, борбата за медали на ОИ.

Овој триумф го охрабри Сава Ранѓеловиќ кој ги поздрави сите оние кои не веруваат во нив.

-Се собравме и се боревме од првиот до последниот момент, не се откажавме и се врати. Колку и да е среќен голот или не, ние го заслуживме. Им честитам на момците за борбата, имаме ден да се опоравиме и да се подготвиме за полуфиналето.

-Не би имал ништо против, кој и да ни биде следен противник, ќе одиме со сите сили. Ова е реприза на финалето на последните ОИ и мислам дека сите не отпишаа и не потценија. Се надевам дека сите паднаат во обложувалниците  што играа против нас, порача Ранѓеловиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни