Поврзете се со нас

Светски првенства

Јакобсен за страшниот ракомет на Данците: Игравме побрзо само во едно финале

Објавено

на

Данска ја освои четвртата последователна титула на едно Светско првенство и на најдобар можен начин ја изрази својата доминација на 29-от ракометен мундијал, одржувајќи и лекција и на полетната Хрватска која имаше амбиции да направи големо изненадување.

Скандинавската селекција стигна до деветта убедлива победа на овој турнир и само покажа дека е убедливо најдобра селекција во светот, а творец на целиот овој успех дефинитивно е Николај Јакобсен.

Човекот кој ја презема Данска во 2017-та година направи од оваа селекција вистинска ракометна велесила, која сега едноставно изгледа несопирливи на најголемата ракометна сцена.

– Одигравме навистина добар ракомет цел месец, задржавме добра енергија, добра амбиција, но и глад и уживање. Игравме проклето добар ракомет, тоа е најдобриот опис.

– Мислам дека одигравме побрз ракомет само во финалето со Норвешка во 2019-та година, тоа само покажува каков турнир имавме како колектив. Овој собир ни трае уште два дена, сега ќе ја славиме титулата, а потоа мора да се разделиме за повторно да се посакаме меѓусебно за следниот голем собир, – изјави Јакобсен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни