Поврзете се со нас

Велосипедизам

Јакобсен со прва изјава по инцидентот на трката во Полска: Докторите ми го спасија животот

Објавено

на

Холандскиот велосипедист Фабио Јакобсен денеска првпат дал изјава за медиумите, потврдувајќи дека се наоѓа во многу подобра состојба.

Тој беше жртва на неспортскиот потег на неговиот сонародник Диего Гронвеген, завршувајќи со тешки повреди откако беше оттурнат во самиот финиш на една од етапите на велосипедската трка во Полска.

Јакобсен вели дека е среќен што е жив, бидејќи му е јасно во каков инцидент учествувал.

– Беше навистина тешко, црн период во кој се плашев за својот живот.

– Благодарение на организаторите на трката, моите најблиски беа до мене и тоа ми даде дополнителна сила. Докторите ми го спасија животот и со петчасовната операција ми овозможија да се разбудам од кома.

– Наредниот период ме очекуваат повеќе оперативни зафати и корекции за повредите на лицето, – изјавил Јакобсен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни