Поврзете се со нас

Светски првенства

Јакобсен по триумфот со Данска на СП: Темпото беше исцрпувачко

Објавено

на

blank

Втората светска титула на данската ракометна репрезентација е голем успех и за селекторот Николај Јакобсен, кој и покрај здравствените проблеми не се откажа од сериозниот ангажман каков што е настап на еден мундијал.

По триумфот во финалето над Шведска, Јакобсен од клупата го следеше славјето на своите ракометари, за потоа да искоментира дека ова бил навистина напорен период.

– Мислам дека сите сме изморени, посебно по ова тешко финале.

– Имаше многу работа во подготовката на натпреварите, темпото е исцрпувачко, а и онака не сум подготвен да се гушкам со толку силни момци, – се пошегувал Јакобсен во изјавата за данските медиуми.

– Оваа титула ни значи многу, посебно по неуспехот на Европското првнство. Убаво е кога ќе видите дека можеме да се собереме и да ја одбраниме титулата, тоа им успеало на малку репрезентации и си обезбедивме место во историјата, – дополнил Јакобсен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни