Поврзете се со нас

Европски првенства

Јакобсен по приземјувањето во Скопје: Минав многу натпреварите како селектор на Данска, но ова беше……

Објавено

на

Николај Јакобсен сигурно извесно време ќе се сеќава на гостувањето кое го имаше во Скопје, кое е прво за неговата селекција по освоената титула на Светското првенство во Египет.

Македонската ракометна репрезентација отвори едно ново поглавје на извонреден начин и Кирил Лазаров дебитираше како селектор со победа против актуелниот светски и олимписки првак, откако сите негови играчи перфектно ја одработија задачата и ја нокаутираа фаворизираната Данска која беше на работ од вистински дебакл во нашата престолнина.

Данците со мини серија на крајот успеа да се изборат за подостоен пораз од минус четири (33:29), а Јакобсен како долгогодишен селектор на светскиот првак призна дека одамна не биле вака немоќни на еден меч.

– Ова не беше она што го подготвувавме и она за што се подготвувавме како тим. Не се сетиравме за ваков епилог, едноставно направивме премногу грешки во нападот и изгоревме многу шанси во нападот. Направивме премногу грешки за да победиме.

– Имам многу меѓународни натпревари како кормилар на Данска, ова сигурно не е еден од нашите подобри натпревари откако сум селектор, се вбројува во најлошите, – порача Јакобсен за „Спорт ТВ2“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни