Поврзете се со нас

Европски првенства

Јакин: Не треба да се грижиме за Италија…

Објавено

на

Швајцарија-Италија е еден од двата досега потврдени парови за осминафиналето на Европското првенство кое се одржува во Германија.

Тоа ќе биде дуел на актуелниот шампион и на селекцијата која досега е непоразена на шампионатот, селекција која го загуби првиот место во групата со гол на Германија во судиското продолжение (92 минута).

Сето ова ги прави Швајцарците да бидат самоуверени и тоа се гледа по изјавата која ја даде селектор, Мурат Јакин.

-Ние играме за тоа. Не можеме да кажеме дека сме фаворити, бидејќи се соочуваме со Италија, но ремито против Германија ни даде голема самодоверба и не можеме да се сокриеме. Внимателно го следевме натпреварот на Италија, анализирајќи ја тактиката и стратегијата, ќе навлеземе подлабоко во овие денови. Искрено едвај чекаме. Тие се непредвидливи, но ние сме подготвени. Дури и од ментален аспект имаме доволно квалитет за да преживееме ваков натпревар.

-Во реалноста не сакаме да се грижиме премногу за Италија, всушност мислам дека спротивното е точно бидејќи работите добро функционираат за нас, -порача Јакин.

-Италија има одлична лига која навистина ми се допаѓа, многу стратешка и тактичка. Репрезентацијата има одлични играчи, тоа ќе биде голем предизвик. Гледаме во себе, но секако мораме да се фокусираме и на противникот, во зависност од тоа каде се силните и слабите страни на Италијанците.

-Тие имаат различни начини на игра, што ги прави опасни. Но, тие ќе размислуваат и за нас. Ние сме во добра форма, непредвидливи сме и ќе се обидеме да извлечеме нешто од овој натпревар, -додаде Јакин.

Средбата меѓу овие две селекции е закажана за 29 јуни во Берлин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни