Поврзете се со нас

Европски првенства

Јакин: Домашната задача е завршена, подготвени сме да ја изненадиме Италија

Објавено

на

foto:x.com/AndreasBoeni

Швајцарија и Италија ќе ја отворат нокаут фазата на Европското првенство и тоа со мечот кој од 18 часот се игра во Берлин.

Ова дефинитивно ќе биде битка во која ќе решаваат нијанси, обложувалниците блага предност и даваат на Италија, меѓутоа повеќе од јасно е дека нема јасен фаворит и токму поради ова се очекува да биде неизвесно до последниот судиски свиреж.

Швајцарците максимално го почитуваат актуелниот шампион, но во исто време се подготвени и да му земат мерка и елиминираат од турнирот.

-Ја завршивме домашната задача, не ги гледавме само овие три натпревари, туку и претходните. Италија може да варира и да игра многу различни системи. Ова е дом на тактичкиот фудбал и навистина ми се допаѓа како ги прават работите. Тие можат да се бранат колективно, да одат човек за човек низ целиот терен, нешто што на пример го прави Аталанта. Подготвени сме и можеби ќе ја изненадиме и Италија, -вели селекторот Мурат Јакин,

-Не сакам да навлегувам во тоа кој е фаворит, ја знаеме силата на Италија. Се надеваме дека ќе ја имаме истата среќа како и нашите неодамнешни средби. Ова е нокаут фаза, па ако заврши нерешено, ќе има продолженија, а можеби и пенали.

-Имавме време да тренираме секој ден на пенали, што очигледно не е исто како во ситуација на натпревар, но сите го имаме потребното искуство да ги изведеме. Во секој случај, не сакам да размислувам за тоа додека не дојдеме до тоа, -додаде Јакин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни