Поврзете се со нас

Свет

Јакимовски втор стрелец за Колорадо во НЦАА лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/CUBuffsMBB

Колорадо Бафалос на Андреј Јакимовски продолжува да бележи лоши резултати во НЦАА лигата, а најновиот пораз, седми во низа беше забележан против Бригам Јанг.

Универзитет Бригам Јанг како гостин славеше со 83:67 и со тоа само ја потврди кризата во која се наоѓа тимот на македонскиот репрезентативец. Двете полувремиња им припаднаа на гостите и тоа со 38:36 и 45:31 за 12 славје во сезоната.

Нашиот Јакимовски мина 22 минути на теренот и со 9 поени беше втор стрелец во својот тим зад Хамонд со 17 кошеви. Андреј не реализираше ниту еден од своите удари за три поени (0/3), а воедно собра три скока.

Аризона е наредениот ривал на популарните бафалос.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни