Поврзете се со нас

Свет

Јакимовски втор стрелец против Аризона (ВИДЕО)

Објавено

на

Андреј Јакимовски и неговите соиграчи од Колорадо не успеаа да направат изненадување и претрпеа пораз од Аризона Стејт во соочувањето во НЦАА лигата.

Домаќинот се прикажа во подобро светло во двете полувремиња во кои одигра ефикасно и со 40:27 и 41:34 дојде до конечна победа од 81:61.

Ова за бафалос беше четврти сезонски пораз во кој најдобар беше Баскин со дабл-дабл од 23 поени и 10 скока. Веднаш зад него беше нашиот репрезентативец Јакимовски со 9 поени, 5 скока, 1 асистенција и 1 украдена топка. Кај победникот листата на стрелци ја предводеше Фриман со 19 кошеви.

Колорадо со учинок 9-4 се наоѓа на 11. место во својата дивизија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни