Поврзете се со нас

Свет

Јакимовски со одлично издание за Вашингтон во победата над Ајдахо (Видео)

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Андреј Јакимовски имаше одлично издание на натпреварот против Ајдахо кој неговиот тим го доби со 61:58.

Јакимовски го одигра својот најдобар натпревар по пристигнувањето во универзитетската кошарка во САД, а како што најави отсега следува неговото време затоа што периодот за адаптација веќе му поминал.

Јакимовски на теренот помина 24 минути и за тој период успеа да запише 11 поени на кои додаде и четири скокови и една асистенција.

Ова е четврт натпревар од стартот на сезоната во универзитетската лига во САД, а тимот на Јакимовски, Вашингтон Кугарс има перфектен скор со четири победи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни