Поврзете се со нас

Репрезентација

Јакимовски се враќа во националниот тим после две години: Важно е ние младите да почнеме од некаде

Објавено

на

Андреј Јакимовски е еден од повратниците во најсилната кошаркарска репрезентација на Македонија, за која не можеше да настапува поради обврските кои ги имаше во Америка, каде владеа строги правила за странците поради коронавирусот.

После долго време, Јакимовски и се стави на располагање на селекцијата и на селекторот Бајиќ, па сега сите очекуваме да го видиме неговиот потенцијал на натпреварите против Шпанија и Украина кои се играат на стартот на месец јули.

Јакимовски ќе игра за Македонија по точно две години, а самиот не го крие задоволството што конечно ќе може да им помогне на сонародниците.

– Конечно по долг период можам да играм за сенорскиот тим. Огромно задоволство е да се игра за репрезентацијата и тоа е предизвик. Немаме притисок, на нас ни останува да го дадеме најдоброто од себе и да го дадеме максимумот од себе, а за резултатите ќе видиме.

– Имаме доста млад тим, но мора да покажеме зошто сме тука. Резултатите можеби нема да ги видиме сега, но важно е сите помладите да почнеме од некаде и да градиме тим. Со актуелниот светски шампион ќе видиме до каде сме, првиот натпревар е против таа силна Шпанија, но ние нема предвреме да се предадеме, – порачува крилото на нашата најдобра селекција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни