Поврзете се со нас

Свет

Јакимовски по најдобриот меч НЦАА лигата: Ќе бидам уште подобар, победите ми носат поголема самодоверба (ВИДЕО)

Објавено

на

Андреј Јакимовски полека, но сигурно се прилагодува на животот во САД и на новиот предизвик во таборот на Вашингтон Стејт.

Нашиот репрезентативец против Ајдахо Вандалс го одигра најдобриот меч во НЦАА  и во триумфот од 61:58 учествуваше со 11 поени (3/4 за три и 1/2 за два поени), четири скока и една асистенција. Јакимовски секако беше задоволен од ова издание, но вети и многу подобри партии во иднина.

Работам напорно, секој ден. Освен тоа тренерот ми дава неверојатна доверба. Би рекол, ова беше прашање на време, да играм добро, да победуваме, затоа сум среќен во овој момент.Се чувствувам комфорно. Работам секојдневно, и после овој натпревар, да не се повторувам, навистина чувствувам многу поголема самодоверба, -истакна Андреј.

Стартувавме лошо против Ајдахо. Не реализиравме многу обиди од поле, но потоа беше многу подобро. Кога почнавме да погодуваме, беше многу подобро. Тоа ми даде уште поголема самодоверба. Морам да кажам дека после секој натпревар, останувам во сала, вежбам шут. Сметам дека тоа е добра работа, особено за еден ‘фрешмен’ кој доаѓа од Европа, каде стилот на игра е малку поинаков од овој овде. Се игра побрзо, со многу повеќе физички контакти, -дополни Македонецот кој проговори и за културата.

Да, ова е една сосема поинаква култура во однос на онаа во Италија, каде што бев до скоро, или во Македонија. Еден посебен животен стил, тука во школото, тоа се многу важни работи. Што се однесува до временските прилики, мислам дека е слично како она во она мало гратче, кај мене дома, -заклучи со насмевка, интервјуто пред американските новинари нашиот млад кошаркар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни