Поврзете се со нас

Свет

Јакимовски одличен за Вашингтон, малку фалеше да стигне до трипл-дабл (Видео)

Објавено

на

blank

Македонскиот интернационалец во универзитетскиот тим на Вашингтон, Андреј Јакимовски одигра уште еден одличен натпревар преку барата.

Неговиот тим, Вашингтон Стејт Кугарс славеше убедлива победа од 82:51 против Калифорнија Голден Биарс, а Јакимовски во победата учествуваше со 11 постигнати поени, девет асистенции и седум скокови.

Јакимовски заедно со играчот кој беше избран за најдобар на оваа средба, Ноа Вилијамс кој постигна личен рекорд забележувајќи 32 поени, имаа одличен индекс на поени.

Имено, Јакимовски и Вилијамс добија оцена за ефикасност 27 со што јасно се става дознаење дека тие двајца биле предводници на Вашингтон во убдливата победа против Калифорнија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни