Поврзете се со нас

Свет

Јакимовски најдобар стрелец, Вашингтон не успеа да победи во Санта Круз

Објавено

на

blank

Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски имаше одличен настап во дресот на Вашингтон Стејт, но Кугарс не се снајдоа најдобро во завршницата и загубија на гостувањето кај Стенфорд со 75:60.

Стенфорд ја направи разликата во последните 3-4 минути, пред кои Вашингтон успеа да го поправи впечатокот од првото полувреме и да фати резултатски приклучок.

По првите 20 минути, Стенфорд водеше со 41:30, но Јакимовски и неговите соиграчи го засилија темпото и се изборија за порамноправен влез во завршницата во Санта Круз, која сепак му припадна на домашниот тим.

Јакимовски беше најдобар реализатор кај Вашингтон Стејт, со вкупно 19 постигнати поени, а забележа и 3 скокови и 1 блокада, додека зад него остана Ајзак Бонтон со 18 поени.

За Вашингтон ова е втор пораз во НЦАА лигата сезона, но со ефект 9-2 останува меѓу водечките екипи во својата дивизија и воопшто во лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни