Поврзете се со нас

Свет

Јакимовски најдобар „крадец“, Колорадо продолжи да победува во НЦАА лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/CUBuffsMBB

Колорадо на Андреј Јакимовски совлада уште еден ривал во НЦАА лигата и тоа универзитетот Јужна Дакота со резултат 81:70.

Бафалос едноставно се недопирливи на домашен терен каде имаат перфектен учинок, односно тоа го потврдија и против новиот противник од кого беа подобри со 40:35 во првото и 41:35 во второто полувреме.

Хамонд беше прво име со 23 поени и 7 асистенции, нашиот Јакимовски немаше свој ден, ги промаши сите шест удари за три поени или поточно на крајот заврши со 4 кошеви, 4 скока, 3 асистении и 3 украдени топки со што беше најдобар во оваа категорија.

Андреј и другарите со учинок 8-2 се на 4. место на табелата во својата дивизија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни