Поврзете се со нас

Репрезентација

Јакимовски: Многу вредна победа во борбата за прво место

Објавено

на

Македонската репрезентација го победи Словачка со 79-75 и дојде до посакуваната цел во овој „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскетот во 2025 година.

„Црвено-жолтите“ мораа многу добро да се испотат за да ја заработат победата во Скопје и со тоа го потврдат фаворитскиот статус. Еден од најдобрите на теренот беше Андреј Јакимовски кој уфрли 15 поени со 5 скока и со тоа само потврди дека е еден од лидерите на оваа нова генерација заедно со Ненад Димитријевиќ.

-Мислам дека на почетокот немавме доволно добра комуникација, особено во одбраната. После советите од стручниот тим, на полувремето, ја сменивме и одбраната. Играв на позиција ‘4’, тоа делуваше доста добро во одредени моменти од натпреварот.

Освен тоа дополнителни проблеми ни зададе нивниот висок процент на реализација. Особено во шутот од далечина. И играчи кои не важат како шутери, успеваа да погодуваат. Во одреден период од мечот, мислам дека имаа дури и 60% на реализација.

На крајот, некако успеавме да ја изнесеме победата, и да ја оствариме првичната цел, во август да имаме две победи. Во финишот, кога требаше, погодувавме и јас и Нено и Војдан, дојдовме до она што го баравме во поголем дел од средбата. Поведовме, а кога веќе стигнавме до драгоцената предност, не ја испуштивме. Дојдовме до уште една многу битна победа, која ни дава можности да завршиме како први, и да одиме понатаму во евро-квалификациите, -истакна Јакимовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни