Поврзете се со нас

Свет

Јакимовски меѓу најефикасните во новата победа на Вашингтон Стејт (ВИДЕО)

Објавено

на

Вашингтон Стејт на Андреј Јакимовски бележи фантастични резултати во НЦАА лигата, шампионат каде популарните „кугарс“ врзаа седум победи од кои последната беше над Станфорд со 72:59.

Андреј и другарите го загубија првиот дел минимално со 36:35, но по одморот беа далеку подобри од противникот и забележаа триумф со кој ја оправдаа фаворитската улога.

Еден од најдобрите, најефикасните во победничкиот табор беше токму македонскиот репрезентативец кој реализираше 13 поени со 6 скока, 2 асистенции и 1 украдена топка.

Во следното коло Вашингтон Стејт и гостува на Аризона што е дерби пресметка затоа што се работи за два состави кои се на првата и втората позиција во својата дивизија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни